Бесплатная консультация юриста:
8 (800) 500-27-29 (доб. 553)
СПб и Лен. область:Санкт-Петербург и область:
+7 (812) 426-14-07 (доб. 318)
Москва и МО:
+7 (499) 653-60-72 (доб. 296)
Получить консультацию

Закон 70 на 30

Услови за остварување на правото на боледување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Едно од тие отсуства на кои работникот има право на надоместок на плата е отсуството во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда.

Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда можат да остварат осигурениците , во случај на:

1) болест и повреда надвор од работа;
2) повреда на работа и професионална болест;
3) лекување и медицинско испитување;
4) негување на болно дете до тригодишна возраст;
5) негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена;
6) неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење;
7) неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена;
8) доброволно давање на крв, ткиво или орган и
9) изолираност заради спречување на зараза.

Надоместокот на плата во случаите погоре  припаѓа од првиот ден на спреченост за работа и трае цело време додека трае спреченост за работа, а се исплатува за деновите за кои се остварува плата според прописите за работни односи.

Услови за остварување на правото на надоместок на плата

Осигурениците  можат да остварат право на надоместок на плата, ако ги исполнуваат  следниве услови:

1) ако здравственото осигурување траело најмалку шест месеци непрекинато пред настапување на случајот, освен во случаите на повреда на работа и професионално заболување(без оглед на траењето на осигурувањето), како и за осигуреникот , чиј брачен другар бил упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот и по тој основ му мирува работниот однос, доколку во рок од 30 дена од денот на престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство се врати на работа кај работодавачот кај кој му мирува работниот однос;

2) придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно да е уплатуван или со задоцнување од најмногу 60 дена и

3) оцената за привремена спреченост за работа ја дал избраниот лекар, односно лекарската комисија.

Основица за пресметување на надоместокот на плата преставува просечниот месечен износ на исплатената плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните дванаесет месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот. Ако за осигуреникот не може да се утврди основица за надоместокот според претходното, основицата за надоместокот ќе се утврди од платата што ја остварил за деновите поминати на работа во периодот пред настанување на случајот.

По исклучок  осигуреникот до 29 годишна возраст, за кој со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност е предвидено
ослободување од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување, остварува надоместок на плата без уплата на придонесот за задолжително осигурување за периодот за кој е ослободен од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување

Висина на надоместокот на плата

Со новите измени во декември 2013 г., согласно член 31 од Општ Колективен Договор за приватен сектор од областа на стопанството (Службен весник на РМ 189/13), работникот има право на надомест на плата – Боледување кое се исплатува од страна на работодавачот и тоа: за време на времена неспособност за работа до 15 дена, работникот има право на надомест на плата во висина од 70%; а над 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето за сите денови од 90% од основицата утврдена со закон, како и надомест на плата во висина од 90% од основицата во случај утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот.

По исклучок  висината на надоместокот на плата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата.

Исплата на надоместокот на плата

Надоместокот на плата за првите 30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства, а над 30 дена Фондот.

По исклучок  надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот од првиот ден на привремената спреченост за работа во случај на нега на болно дете до тригодишна возраст, доброволно давање крв, ткиво или орган, а за отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство од средствата на Буџетот на Република Македонија. Во случаите кога привремената спреченост за работа поради повреда на работа настанала како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот, надоместокот на плата за целиот период на привремена спреченост на работа настаната како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот е на товар на работодавачот, согласно со прописите од областа на работните односи.

Оцена за спреченост за работа

Оцена за привремената спреченост за работа за првите 15 дена дава избраниот лекар од примарната здравствена  заштита,  а  над 16  дена  дава  првостепената  лекарска  комисија  на Фондот по предлог на избраниот лекар.

Осигуреникот е должен оцената за привремена спреченост за работа издадена од избраниот лекар од примарната здравствена заштита, односно од првостепената лекарска комисија на Фондот по предлог на избраниот лекар да ја достави до работодавачот, односно Фондот во рок од осум дена од истекот на секој од роковите кажани претходно, во спротивно осигуреникот е должен да се јави на работа.

Избраниот лекар од примарната здравствена заштита, односно лекарските комисии должината на траењето на спреченоста за работа ја утврдуваат во зависност од видот на болеста, повредата или потребата за нега на болен член од потесното семејство. Доколку осигурениот не е задоволен од оцената на лекарот односно лекарската комисија , може да поднесе приговор до првостепената лекарска, односно до второстепената лекарска комисија.

Работодавецот, односно Фондот, во зависност од тоа кој врши исплата на надоместокот на плата може да поднесе барање за преиспитување на оцената за привремена спреченост за работа до првостепената, односно второстепената лекарска комисија.

Запирање на исплатата на надоместокот

Осигуреникот не може да оствари, односно ќе му се запре исплата на надоместокот на платата за време на привремената спреченост за работа ако:

1) неоправдано не се јави на определен лекарски или комисиски преглед и лекување или свесно не се придржува кон упатствата на лекарот;
2) во времето на привремената спреченост за работа се утврди дека работи и остварува приход и
3) на работодавецот кај кого нема други вработени, а во тој период остварува приходи.

–ПРАВДИКО–

Новини